Владата на Република Северна Македонија (РСМ) одлучи 13 февруари, понеделик, да го прогласи за Ден на жалост во спомен на загинатите од земјотресите во Туркије и Сирија.
„Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција (Туркије) и Сирија. Граѓаните на Северна Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства“, напиша македонскиот премиер Ковачевски во објава на социјалните мрежи.
„Во име на сите граѓани на Република Северна Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ“, додаде Ковачевски.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари (понеделик) го погодија југот на Туркије со епицентар во Кахраманмараш. Земјотресот се почувствува и во соседството на Туркије, особено во Сирија.
Според досегашните информации, бројот на загинатите во земјотресите во Туркије се искачи на 29.605, а 147.934 лица повредени во земјотресите се евакуирани во други провинции, соопшти Упрвата за вонредни ситуации на Туркије (АФАД). Според АФАД во моментов работат на терен повеќе од 233.000 лица за пребарување и спасување.
Бројот на загинатите во земјотресите во Сирија се искачи на 3.574