Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по одржаната денешна седница на Владата соопшти дека биле усвоени заклучоците од Собранието и дека се донела одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни со кој треба да се откочат македонските интеграции.
„Донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни 2022 година. Со оваа одлука го започнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“, рече Ковачевски.
Процес кој, додаде тој, ќе резултира со остварување на втората стратешка цел на земјата, полноправно членство во ЕУ.
„Ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се заштитени, историските прашања се надвор од истата, а ние сме на чекор од одржување на првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговори со Европската Унија“, рече Ковачевски истакнувајќи дека денес се отвораат нови перспективи на државата.
Во следните денови ќе пристапиме кон реализација и преговорите со ЕУ, конечно после 17 години.
„Конечно денес ја имам честа да го најавам датумот за првата меѓувладина конференција која треба да се одржи веќе наредната недела на 19 јули во Брисел. Потоа Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија во Брисел“, истакна Ковачевски.
Претходно денеска, Собранието на Северна Македонија со 68 гласови „За“, а ниту еден „Против" и ниту еден воздржан, ги изгласа заклучоците со кои се задолжува Владата да го продолжи процесот со Европската Унија (ЕУ) и да ја усвои преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ.
Пратениците од опозицијата предводени од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата во Собранието ја напуштија собраниската сала и не гласаа за заклучоците.
Во меѓувреме, додека се дискутираше во Собранието, група граѓани протестира пред законодавниот дом , против францускиот предлог со паролата „Ултиматум, не благодарам“.
Мицкоски: Ништо не е готово
Откако беа изгласани заклучоците во Собранието, прес-конференција одржа лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна дека во „протоколот изрично се содржат барањата за бугаризација“, како и дека „сега бугарските асимилаторски барања за промена на учебниците, за преиначување на историајта стануваат услов за влез во ЕУ и додека тие не се исполнат нема почеоток на преговори.“
Според него, иако заклучоците се изгласани во Собранието, „сѐ уште ништо не е готово.“
„Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата, но затоа обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, нема да помине во македонското Собрние. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, изјави Мицкоски и порача:
„Уставот нема да се смени, преговарачката рамка нема да биде прифатена.“
Откако се изласани во Собранието на Северна Македонија, заклучоците се испраќаат на усвојување до Владата на Северна Македонија.
Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ беше предложена од француското Претседателство со Советот на ЕУ на 30 јуни оваа година, по што следуваше процес на консултации помеѓу политичките партии во врска со францускиот предлог. Истовремено, во изминатите денови се одржуваа и протести на граѓаните кои се спротивставија на прифаќањето на францускиот предлог.
Почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија е блокиран со бугарското вето од ноември 2020 година поради спор околу јазикот и историјата. Една година претходно, европскиот пат на двете земји беше блокиран од Франција, која бараше промена на методологијата за пристапните преговори со ЕУ.
16 јул 2022
Владата на Северна Македонија го прифати францускиот предлог
Премиерот Ковачевски информираше дека Владата на Северна Македонија ќе пристапи кон преговори со ЕУ, после 17 години, додавајќи дека на 19 јули во Брисел ќе се одржи првата меѓувладина конференција.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Фицо- Вучиќ во Белград: Словачка и Србија можат да се потпрат една на друга
Би сакал на Србија да ѝ го понудам уникатното искуство на Словачка од пристапните преговори, направивме трагични грешки во процесот што ја ослабна, на пример, нашата енергетска безбедност, изјави Фицо на прес-конефернцијата со српскиот претседател
РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија
За 10 месеци низ регулаторниот филтер поминати се 254 барања од инвеститори кои ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Што друго би сакале да знаете?
Популарни