Во текот на полициска акција во Албанија запленети се 430 килограми кокаин, а уапсени се 10 лица.
Опојната дрога, која според албанските власти е вредна околу 40 милиони евра, запленета е во округот Фиер и откриена е во товар на вештачко ѓубриво по потекло од Колумбија.
Во соопштението на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал во Тирана, наведено е дека акцијата е спроведена во соработка на структурите на Полицијата на Албанија (BKH) и црногорските власти, а во координација со некои странски агенции.
„Одземени се 20 палети со околу 24 тони „вештачко ѓубриво“ во рамките на кои постојат основани сомнежи, при што се докажа дека во нив се наоѓа количина од околу 430 килограми опојна супстанца од типот кокаин, која се однесува на прометот на малопродажниот пазар. Неговата вредност е околу 40 милиони евра“, се наведува во соопштението.