Во Албанија започна процесот на „Пописот на населението и становите 2023“, кој ќе трае шест недели.
Пописот на населението го спроведува Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ), а ангажирани се вкупно 5.240 службеници. Официјални извори на ИНСТАТ за Анадолу изјавија дека резултатите од пописот ќе бидат објавени во јуни 2024 година.
Изворите на Институтот наведуваат дека Пописот на населението има за цел да се спроведе во потполност во согласност со препораките на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ) иважечките прописи на Европската унија (ЕУ).
Според албанските власти, со пописот ќе се добијат податоци за постојаното население во Албанија, демографските, социјални и еконмски карактеристики, податоци неопходни за проценка на динамиката на населението, демографските промени во населението, како и карактеристиките на домаќинствата.
Ова е вкупно 12 попис на населението во Албанија. Првиот попис на населението во Албанија е одржан во 1923 година, а последниот во 2011 година.