На потрошувачите им се препорачува и да избегнуваат конзумирање на овие производи / Photo: AA

Агенцијата за безбедност на храната на Босна и Херцеговина извести дека одредени серии популарни безалкохолни пијалоци се повлечени од пазарот во земјата поради сомневање за присуство на парчиња метал во пакувањето.

Известувањето дојде преку Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (ЕУ РАСФФ), а повлекувањето вклучува производи од австриско потекло кои веќе се повлечени во неколку земји.

Станува збор за пијалоци произведени од Coca-Cola HBC Austria GmbH, вклучувајќи Coca-Cola (Coca-Cola, Coca-Cola Zero, Coca-Cola Zero Lemon, Coca-Cola Zero Zucker Zero Coffeine, Coca-Cola Light), Fanta (Fanta Orange , Fanta Orange Zero, Fanta Lemon Zero, Fanta Exotic Zero), Sprite (Sprite, Sprite Zero) и MezzoMix.

Производите се достапни во пластични шишиња од 0,5 литри, а предметните артикли имаат ознака дека е најдобро да се употребат во периодот помеѓу 4 февруари 2025 и 12 април 2025 година, со шифра „WP“ под датумот.

Дистрибутер на овие производи е Metro Cash & Carry Österreich GmbH од Австрија, додека увозници за БиХ се “COSMO Celic d.o.o.” од Горњи Вакуф/Ускопље и “Пам Консалтинг д.о.о.” од Бања Лука.

Агенцијата ги проследи сите релевантни информации до надлежните инспекциски тела на Босна и Херцеговина, со барање за итна акција и повратна информација.

На потрошувачите им се препорачува и да избегнуваат конзумирање на овие производи, додека дополнителни информации се очекуваат од надлежните инспекции кои ќе ги преземат неопходните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Популарни