Во Цетиње убиени 11 лица

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, убиени се 11 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека шест лица се повредени, потврди црногорската Управа на полицијата.

На трагедијата, како што неофицијално е соопштено од полицијата и претходил семеен судир, после што напаѓачот пукал на минувачите на улицата. Напаѓачот пукал и на полицијата, при што во престрелката бил убиен.

Во болницата во Цетиње хоспитализирани се четири ранети лица, додека две лица се транспортирани во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Според неофицијални сознанија, напаѓачот е 34-годишно машко лице.

Пукањето се случило околу 16 часот.

Дел од градот во кој се случи пукањето е блокиран, зајакнато е присуство на полицијата, а на местото на настанот се собраа голем број граѓани на Цетиње.

„Се случи трагедија каква што не памети Црна Гора“, рече вечерва премиерот Дритан Абазовиќ по масовното пукање во кое се убиени 11 лица.

Црногорската Влада ќе прогласи тридневна жалост

Премиерот Абазовиќ ги повика граѓаните да пружат поддршка на семејствата на страданите жртви.

„Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора со мисли заедно да бидеме со семејстата на невино страданите жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на Престолнината Цетиње“, објави Абазовиќ на социјалната мрежа Телеграм.

Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост по повод големата трагедија, соопшти премиерот Абазовиќ.

AA
Популарни