Во Црна Гора живеат 633.158 жители, околу два отсто повеќе од 2011 година

Во Црна Гора живеат 633.158 жители, околу два отсто повеќе од 2011 година

Со пописот се собрани податоци за 217.441 домаќинства и 396.873 станови
Најголем број жители има во Подгорица, Никшиќ, Бар и Бијело Поље / Photo: AA

Според прелиминарните резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2023 година, во Црна Гора живеат 633.158 жители, објави Дирекцијата за статистика (МОНСТАТ). Пописот собра податоци за 217.441 домаќинства и 396.873 станови, додека во фазата на собирање податоци беа попишани вкупно 673.203 лица. Во соопштението се претставени прелиминарните резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите, што е спроведен во периодот од 3. до 30. декември 2023 година, согласно меѓународните препораки на УНЕЦЕ и насоките од применетата регулатива 763/2008 од Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. Бројот на жители е зголемен за околу два отсто во однос на пописот од 2011 година, кога во земјава имало околу 620.029 жители. Најголем број жители има во Подгорица, Никшиќ, Бар и Бијело Поље, а најмал во Шавник, Плужине и Жабљак. Прелиминарните резултати од пописот содржат основни податоци за вкупниот број на попишани лица, бројот на жители, домаќинства и станови добиени врз основа на резултатите за пописните кругови за време на теренската работа, а прикажани преку збирни вредности по населени места, единици на локална самоуправа и за територијата на Црна Гора. По внесување на податоците собрани со пописот, извршување на статистички контроли и статистичка обработка на истите согласно дефинираната Методологија, ќе се обезбедат конечните резултати од пописот, кои сукцесивно ќе се објавуваат во втората половина на 2024 година.

AA
Популарни