Околу 6,7 милиони гласачи ќе имаат можност до 22 часот по локално време да ја извршат граѓанската должност на повеќе од 11.700 гласачки места.     Фото: АА

Во Израел денес се одржуваат општи избори, по петти пат во период помал од четири години. Околу 6,7 милиони гласачи ќе имаат можност до 22 часот по локално време да ја извршат граѓанската должност на повеќе од 11.700 гласачки места.

Во државата се преземени строги безбедносни мерки, вклучувајќи ангажман околу 18.000 членови на безбедносен персонал.

Поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху има за цел да ја врати власта, а предизборните анкети покажуваат дека неговата десничкарска партија Ликуд може да обезбедни 60 до 120 места во Кнесетот (израелски парламент). Партијата Јеш Атид, на актуелниот премиер Јаир Лапид, според анкетите би можела да биде второпласирана.

Изборните резултати би требале да бидат објавени во среда на 2 ноември.

TRT Balkan
Популарни