Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена / Photo: AA

Во реонот на градот Коњиц е пронајдено уште едно безживотно тело, односно телото на последното лице по кое се трагаше по катастрофалните поплави кои зафатија неколку градови во Босна и Херцеговина, по што потрагата е официјално завршена.

„Моите колеги штотуку ме информираа дека едно лице е пронајдено во областа Коњиц, со што е завршена потрагата по исчезнатите“, изјави за Анадолу Сабахудин Спаховиќ од Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ).

Вкупно пет лица загинаа во областа Коњиц. Телото пронајдено денеска е на машко лице, чија сопруга исто така беше пронајдена мртва пред неколку дена.

Во Јабланица вчера се одржа колективна погребна молитва за 19 жртви од поплавите на подрачјето на таа општина, поточно Доња Јабланица.

Во поплавите и свлечиштата што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на месецот, загинаа вкупно 27 лица, од кои 19 во областа Јабланица, пет во Коњиц и уште три во Фојница.

AA
Популарни