Србија и Албанија веќе пријавиле случаи на вирусот Западен Нил / Photo: AP

Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПЦ) денеска потврди случај на позитивен наод за вирусот Западен Нил.

Од Институтот наведуваат дека случајот е потврден кај машки пациент, роден 1965 година, од општина Косово Поље, кој е хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот клинички центар на Косово на 29.07.поради симптоми како што се: замор и висока температура.

„Симптомите на пациентот се појавија на 22 јули, а тој доби амбулантски третман пред хоспитализацијата. Пациентот престојувал во Шенѓин, Албанија од 27 јуни до 29 јуни и во Улцињ од 13 јули до 22 јули, со симптоми кои се појавиле по враќањето од Улцињ. Моментално е на лекување на Инфективната клиника“, соопштија од ИКШПК.

ИКШПК забележува дека некои земји од Европската унија и Западен Балкан, вклучувајќи ги Шпанија, Италија, Грција, Австрија, Унгарија, Франција, Србија и Албанија, веќе пријавиле случаи на вирусот Западен Нил.

Затоа ИКШПК го зголеми степенот на внимателност и ги советува граѓаните да ги следат препораките за спречување на случаи на овој вирус.

„Епидемиолошката состојба е мирна и се следи со зголемено внимание. ИКШПК ќе даде дополнителни информации за вирусот, начинот на ширење, симптомите, превентивните мерки, дијагнозата и лекувањето“, беше соопштено.

Западнонилската треска е заразна болест од групата на зоонози, со вирусна етиологија, која се пренесува на луѓето и животните со каснување од заразен комарец.

AA
Популарни