Независниот синдикат на полицијата денес организираше протест пред Владата на Црна Гора, поради незадоволство на полициските службеници од материјалниот статус. Од протестите е порачано дека полициските службеници повеќе немаат време да чекаат на исполнување на нивните барања.
Според зборовите на претседателот на тој синдикат Игор Рмандиќ, протестот е закажан „поради незадоволство на полициските службеници кои се доведени на просечки стап“. Рмадиќ рече дека на протестот се собрале поради две личности.
„Тоа се министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ и претседателот на Владата, Дритан Абазовиќ. Тоа се двете личности на чија адреса мораме да се обратиме и да бараме помош. Бараме, бидејќи нема да молиме, нашето достоинство то не ни го дозволува. Професијата која ја извршуваме бара и ние бараме достоинство на униформата“, рече Рмандиќ.
Говорејќи за претходните барања и рокови, Рмандиќ истакна дена полицајците повторно се изневерени и дека им се дадени празни ветувања.
„Ветено ни е дека ќе бидат вратени парите кои ни се земени за три месеци (март, април, мај), каде ни се намалени платите од 40 до 120 евра. Баравме исплата на отпремнини за колегите кои заминуваат во пензија. Се обидовме да ги зголемиме платите на полициските службеници за 10 отсто, но тоа е мал износ, со оглед на секојдневното поскапување“, истакна тој.
Рмандиќ најави радикализација на протестите,со блокирање на булеварите во Подгорица.
„Со оглед дека претходниот пат не се исполнети нашите барања, имавме разговори со министерот за внатрешни работи. Денес одлучивме да го радикализираме протестот и ќе го блокираме булеварот Станко Драгојевиќ, на тој начин ќе покажеме дека нема да се откажеме од нашите барања. Доколку премиерот не прими и ни вети дека ќе ги зголеми платите од 1 ноември нема да ја блокираме улицата“, порача Рмандиќ и додаде дека Независниот синдикат на полицијата нема да бега ниту од еден чекор кој со закон е предвиден во борбата за работничките права.