Од 20 загинати, едно тело сѐ уште не е идентификувано / Photo: AA

Според официјалните податоци на Штабот на Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) и МВР на ХНК, 20 лица загинаа во областите погодени од поплавите, известува Анадолу.

Од вкупниот број загинати, седумнаесет лица се од Јабланица, тројца од Коњиц. Според МВР, активна е потрагата по тројца пријавени исчезнати во Јабланица и по двајца во Коњиц. Од 20 загинати, едно тело сѐ уште не е идентификувано, соопшти Владата на ХНК.

Заедно со тројцата загинати во Фојница, според официјалните податоци, во минатонеделните катастрофални поплави и свлечишта, во БиХ загинаа 23 лица.

Сѐ уште е во прекин сообраќајната комуникација меѓу Мостар и Јабланица, санирани се патиштата меѓу Јабланица и Коњиц и Јабланица и Прозор-Рама, а регионалниот пат Јабланица - Долјани е само делумно прооден.

Од Хрватска пристигнаа 15 станбени контејнери, а од Туркије вечерва се очекуваат да пристигнат уште 20. Градежните оперативци на терен работат на подготовки за поставување на контејнерска населба во Горанско Поле.

AA
Популарни