Во Скопје се одржа панелот „15 јули - Ноќта која го инспирираше светот“ / Photo: AA

Во Скопје се одржа панел-дискусијата: „15 јули - ноќта која го инспирираше светот“.Панел-дискусијата се одржа под покровителство на Амбасадата на Туркије во Скопје, во организација на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, и со поддршка на турското Министерство за култура и туризам, Здружението „15 јули“, ТИКА и турската фондација „Маариф“.

На настанот учествуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и пратеник Бејџан Илјас, претставниците на турските организации и институции во земјата, како и други поканети гости.

На овој настан се читаа делови од светата книга Куранот и беа прикажани снимки од обидот за државен удар извршен на 16 јули 2016 година во Туркије.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа туската пратеничка од Партијата за правда и развој (АК Партија), Умуѓулшен Озтурк, претседателот на Здружението „15 јули“, Исмаил Хакки Турунч, и членката на Управниот одбор на Здружението „15 јули“, Ајше Варанк Арслантурк.

Озтурк во изјавата за медиумите пред почетокот на панел-дискусијата истакна дека на Балканот се наоѓаат за да укажат на 15 јули и да овозможат да не се заборави тоа.

Таа рече дека на Балканот се наоѓаат за да пренесат дека терористичката организација ФЕТО е империјалистички пион.

„Дојдовме за да истакнеме дека оваа организација, која е инфилтрирана во најдлабоките сегменти на државата, е една терористичка организација што ги бомбардира дури и Големото народно собрание на Туркије, кое е претставник на националната волја, и Претседателскиот комплекс“, нагласи таа.

Озтурк рече дека бомбардирањето на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ) и на Претседателскиот комплекс значи негирање на националната волја и дека тој горчлив ден со утринската светлина го претвориле во ден на херојство, благодарение на истрајноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и перпепцијата на народот.

Според неа, 15 јули е извор на храброст и за другите земји и дека демократијата е неопходен елемент за секоја земја.

Турунч во говорот на панелот ги раскажа своите сеќавања за ноќта на 15 јули.

Според него, доколку пучот успееше, земјата ќе беше поделена во рамките на плановите што претходно ги подготвија империјалистичките земји, но народот излезе на улица на повик на претседателот Ердоган.

„Меѓу оние што излегоа на улица имаше Турци, Курди, Лази, Черкези, Бошњаци, Албанци, имавме многу браќа. Кога беше потребно, на улиците излегоа милиони што добро го познаваат концептот на татковина и нација и знаат какво е значењето да ги дадат своите животи за оваа кауза кога ќе дојде време за тоа“, истакна Турунч.

Арслантурк, од своја страна, рече дека таа ноќ изгубила еден од своите најблиски луѓе, но и да не се случело тоа, таа го опиша 15 јули како најлоша ноќ.

Таа рече дека со таканаречената Арапската пролет, арапските земји се измамени и вовлечени во хаос, кој им бил пример и можеби затоа турскиот народ се излезе на на улица, поставувајќи се пред тенковите и пушките.

Зборувајќи и за сеќавањата на нејзиниот брат Илхан Варанк кој херојски загина ноќта на 15 јули, Арслантурк рече: „Фала Богу, тој е во многу добар ранг. Дали беше достоен за тоа? Да, тој беше достоен. Да кажевме кому ќе му доликува најдобро, навистина му доликува на Илхан. Тој е таму каде што заслужува.“

Таа, исто така, нагласи дека ФЕТО има 40-годишна историја во Туркије и ги информираше учесниците на панелот за структурата на ФЕТО.

Програмата заврши со молитва за загинатите херои.

AA
Популарни