Во Скопје се одржува Меѓународен конгрес за туризам, економија и култура / Photo: AA

Меѓународен конгрес за туризам, економија и култура (ITEC 24) се организира во Скопје.

Во организација на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и турските универзитети Државен универзитет Сивас и Универзитет 7 декември во Килис, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), во кампусот на ИБУ вчера се одржа свечено отворање на конгресот ITEC 24 на кој учествуваа претставници од Амбасадата на Туркије во Скопје, претставници од турски институции и организации во земјата, академици и студенти.

Во својот говор координаторот на ТИКА-Скопје, Мехмет Бајрак, ги информираше присутните за работата што ја спроведува ТИКА.

Потсетувајќи дека ТИКА денес работи во повеќе од 150 земји, Бајрак рече:

„Спроведуваме развојни проекти преку нашата Канцеларија за координација на програмите во Скопје, која ја основавме во Северна Македонија во 2005 година. При спроведувањето на нашите проекти, дејствуваме со пристап ориентиран кон луѓето, без дискриминација врз основа на јазик, религија или раса“, рече Бајрак, координатор на ТИКА.

Давајќи информации за реставрацијата на историските објекти во Северна Македонија, Бајрак го истакна своето уверување дека конгресот ќе ја подигне свеста за промоција на културното богатство на овие географски простори.

Советникот за образование во Амбасадата на Туркије во Скопје, Орхан Куртоглу, изјави дека ваквите активности ќе придонесат за унапредувањето на студентите и академиците и додаде: „По општите состаноци верувам дека веќе е време нашите заеднички истражувачи од двете земји со своите заеднички студии да дадат значаен придонес и во турското образование и во турскиот научен живот и во светската научна историја.“

Проф. д-р Љутфи Сунар, ректор на МБУ, во улога на домаќин на конгресот, посочи дека Северна Македонија е меѓу земјите во подем од аспект на туризмот и додаде дека туризмот, економијата и културата се меѓусебно поврзани.

Наведувајќи дека ваквите конгреси даваат можност за промоција на Универзитетот, ректорот Сунар рече: „Посакувам продуктивен конгрес. Би сакал да им се заблагодарам на сите институции со кои соработувавме во оваа организација и на тимот што го овозможи овој конгрес.“

Проф. д-р Алим Јилдиз, ректор на Државниот универзитет во Сивас, истакна дека конгресот има цел, покрај учество на многу земји од научниот свет, истовремено да се промовира и меѓукултурната интеракција и соработка.

Посочувајќи дека конгресот ќе се одржи на онлајн платформа, со сесии лице в лице, Јилдиз рече: „На конгресот учествуваат 290 научници од 23 различни земји и овие научници го поддржаа конгресот со 182 труда.“

Проф. д-р Мустафа Доган Карачошкун, ректор на Универзитетот 7 декември во Килис, рече дека неодамна забележале значителен број луѓе што се насочуваат кон туризмот на културното наследство во различни делови на светот и истакна: „Додека земјите се натпреваруваат на полето на туризмот, обидувајќи се да произведат дополнителни вредности и да ги зајакнат своите економии, мислам дека со секој изминат ден станува сѐ поважно тие повеќе да се фокусираат на прашањето на културното наследство како модел за освојување на својата иднина, заштитувајќи го своето минато.“

Конгресот завршува денес.

AA
Популарни