Од ударот автомобилот бил отфрлен на тревната површина, додека автобусот излетал од патот и удрил во металната заштитна ограда / Photo: AA

Во сообраќајна несреќа во Истра, Хрватска, при судир на автомобил со регистрација на Пула и автобус со полски регистарски таблички, повредени се 14 лица, меѓу кои осум малолетни.

„Несреќата се случила кога 32-годишен возач на автомобилот се движел по патот од Новиград во правец на Тара. Поминувајќи на кривината надесно, поради неприлагодената брзина на движење со карактеристиките на патот, возачот ја изгубил контролата над возилото и преминал на лентата наменета за движење на возилата од спротивниот правец, при што удрил во автобус управуван од 58-годишен државјанин на Полска“, соопшти управата на истарската полиција.

Од ударот автомобилот бил отфрлен на тревната површина, додека автобусот излетал од патот и удрил во металната заштитна ограда.

„Во сообраќајната несреќа со полесни физички повреди се здобиле возачот на автомобилот и автобусот, како и 12 патници во автобусот, од кои осум малолетни, сите полски државјани“, информираат од полиција на Истра.

AA
Популарни