Во Србија ќе има парламентарни избори, покраински, за Град Белград и за нешто помалку од 70 локални самоуправи / Photo: FENA

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ изјави дека очекува предвремени избори во Србија до крајот на годинава.

Тој најави дека наскоро ќе се состанат и глвните партиски тела на за да се подготват за претстојните активности.

„Влегуваме во предизборна кампања, немаме проблем со тоа. Со нетрпение го очекуваме бидејќи изборите се фестивал на демократијата и нека решат граѓаните во кој правец треба да оди Србија“, рече Вучевиќ.

Тој изјави дека опозицијата побарала избори и тие ќе се реализираат.

„А Господ знае што сакаат бидејќи тоа никој не може да го разбере бидејќи секојдневно се предомислуваат“, изјави Вучевиќ.

Тој посочи дека ќе има парламентарни избори, покраински, за Град Белград и за нешто помалку од 70 локални самоуправи. А напролет следната година ќе има избори за околу стотина локални самоуправи“.

TRT Balkan / агенции
Популарни