Во Република Туркије во недела на 28 мај ќе биде одржан вториот круг од претседателските избори, откако ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови во првиот круг одржан на 14 мај.
Во вториот круг од претседателските избори учествуваат актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,5 отсто од гласовите и водачот на турската опозиција Кемал Киличдаролгу, кој во првиот круг освои 44,89 отсто гласови.
На парламентарните избори одржани на 14 мај, Народната алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) освои мнозинство во државниот парламент. Турските гласачи од странство во вториот круг од претседателските избори ќе можат да го искористат правото на глас во дипломатските претставништва на земјата, а ќе можат да гласаат и на граничните премини.
Турските државјани во Северна Македонија ќе гласаат на 20 и 21 мај во Амбасадата на Туркије во Скопје од 8 до 22 часот.
Во Србија за вториот круг од претседателските избори ќе може да се гласа во Амбасадата на Република Туркије во Белград на 21 мај во период од 8 до 22 часот.
Државјаните на Туркије во Албанија можат да гласаат на 20, 21 и 22 мај од 8 до 22 часот во турската амбасада во Тирана.
Во Косово ќе може да гласаат на 21 мај во период од 8 до 22 часот во зградата на Амбасадата на Туркије во Тирана.
Државјаните на Република Туркије во Босна и Херцеговина ќе можат да гласаат на 20 и 21 мај во Амбасадата на Република Туркије во Сараево од 8 до 22 часот.
Турските гласачи во Црна Гора ќе можат да гласаат од 20 и 21 мај на гласачкото место во Амбасадата на Туркије во Подгорица од 8 до 22 часот.
Државјаните на Туркије со право на глас ќе можат исто така да гласаат и на граничните премини од 20 до 28 мај.
Право на глас на изборите во Република Туркије имаат 64,11 милиони луѓе.
Гласачките места надвор од Туркије ќе бидат отворени во 73 држави и 151 претставништво на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани регистрирани се за гласање од странство.