Втор круг: Завршува гласањето за турските гласачи од земјите од регионот / Photo: AA

Завршува процесот на предвремено гласање од вториот круг на претседателските избори за турските државјани што престојуваат или работат во земјите од регионот.

Турските државјани со право на глас од 20-21 мај, од 8:00 до 22:00 часот гласаа во Амбасадата на Туркије во Скопје, главниот град на Северна Македонија.

Гласањето во Тирана, главниот град на Албанија, започна на 20 мај во 8:00 часот по локално време. Според информациите што ги даде амбасадорот на Туркије во Тирана, турските државјани кои престојуваат или работат во Албанија правото на глас го остваруваат во просториите на турската Амбасада во периодот од 8:00 до 22:00 часот на 20, 21 и 22 мај.

Во Косово заврши гласањето за турските државјани за вториот круг од претседателските избори. Гласачките места беа отворени во амбасадата на Туркије во Приштина и Генералниот конзулат во Призрен од 8 до 22 часот.

Турските државјани во Србија за вториот круг од претседателските избори можеа да гласаат во Амбасадата на Република Туркије во Белград и во конзулатот во Нови Пазар, на 21 мај во период од 8 до 22 часот.

Турските државјани во Босна и Херцеговина можеа да гласаат на гласачките места во амбасадата во Сараево и во генералните конзулати во Мостар и Бања Лука на 20 и 21 мај од 8 до 22 часот.

Процесот на гласање на турските граѓани, кој започна во 08:00 часот по локално време на 20 мај на гласачко место во турската амбасада во Подгорица во Црна Гора, заврши заклучно со 22:00 часот на 21 мај.

Ова е бројката на турските државјани во земјите од балканскиот регион со право на глас на изборите во Туркије:

- Северна Македонија: 4.107
- Албанија: 1.416
- Србија: 2.311
- Босна и Херцеговина: 2.946
- Црна Гора: 1.704
- Косово: 2.192

За потсетување, во рамки на претседателските и парламентарни избори што на 14 мај се одржаа во Туркије, турските државјани во земјите од регионот имаа можност да гласаат од 5 до 7 мај во турските дипломатски мисии во овие земји.

Во Република Туркије во недела на 28 мај ќе биде одржан вториот круг од претседателските избори, откако ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови во првиот круг одржан на 14 мај.

Во вториот круг од претседателските избори учествуваат актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,52 отсто од гласовите и водачот на турската опозиција Кемал Киличдаролгу, кој во првиот круг освои 44,88 отсто гласови.

На парламентарните избори одржани на 14 мај, Народната алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) освои мнозинство во државниот парламент.

Право на глас на изборите во Република Туркије имаат 64,11 милиони луѓе.

Гласачките места надвор од Туркије отворени се во 73 држави и 151 претставништво на оваа земја. Повеќе од 3,41 милиони граѓани регистрирани се за гласање од странство.

TRT Balkan / агенции
Популарни