Српскиот премиер Милош Вучевиќ во четвртокот изјави дека притворот на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ носи чувство на несигурност и немир за српскиот народ во Босна и Херцеговина.
Нешиќ е приведен заедно со уште седум лица, по наредба на Обвинителството на Босна и Херцеговина, кое ги сомничи за кривични дела како перење пари, злоупотреба на положба или овластување, примање поткуп, во врска со истрагата за работењето на Ј.П. Патишта на Република Српска.
Вучевиќ изјави дека Србија ја следи ситуацијата во врска со овој случај, додавајќи:
„Се е чудно што во последно време се случува во Босна и Херцеговина. Притисокот врз претседателот на ентитетот на БиХ, РС Милорад Додик да присуствува на судењето веднаш по операцијата, насилното забрзување на некои процеси и роцедури, чудната одлука на некои стручњаци дека тој може да присуствува без да го прегледаат пациентот и некоја потреба да го завршат судењето за краток временски период“.
Премиерот на Србија оцени дека е добро што „Собранието на Република Српска не донело порадикални одлуки“ и посочи дека „Република Српска мора да се грижи за целокупната ситуација“.
Тој додаде дека донеле одлуки кои не загрозуваат никој друг, а од друга страна, го зачувуваат суверенитетот и независноста на РС во рамките на БиХ во согласност со Дејтонскиот договор.