European Commission President Ursula von der Leyen visits Serbia / Photo: Reuters

Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со унгарскиот претседател Тамаш Шујок кој е во официјална посета на Србија, најави изградба на регионална брза железничка пруга која ќе ги поврзе Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција.

„Она што е важно граѓаните на Србија да го разберат е дека наскоро доаѓа кај нас чешкиот премиер за два-три дена, тие градат брза пруга кон Братислава. Оттаму Словаците работат кон Будимпешта, и од север, од Варшава, сите краци исто така одат кон Будимпешта. Така што оттука ќе бидеме целосно поврзани со северот и североисток на Европа и со цела централна Европа, значи Виена-Братислава-Прага. Со ова Будимпешта и Белград стануваат многу важни центри“, изјави претседателот Вучиќ.

Претседателот на Унгарија, Тамаш Сујок рече дека постои одлична соработка во однос на изградбата на пругата меѓу Белград и Будимпешта и изрази благодарност за завршувањето на делницата низ Србија.

„Се надеваме дека во следните неколку години ќе успееме да обезбедиме започнување на железничкиот сообраќај и во Унгарија на таа пруга, сè до Будимпешта. Во оваа смисла, исто така, ќе направиме се што е во наша моќ да го олесниме и забрзаме преминот на границата доколку е потребно и со отворање на нови гранични премини“, рече тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни