Вучиќ се сретна со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко

Вучиќ се сретна со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко

Вучиќ на социјалните мрежи објави дека станува збор за важен разговор со амбасадорот на Руската Федерација.
Вучиќ се сретна со рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко / Photo: AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Белград се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Србија, Александар Боцан-Харченко.

На состанокот присуствуваше и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Вучиќ на социјалните мрежи објави дека станува збор за важен разговор со амбасадорот на Руската Федерација.

„Благодарен сум што ги сослуша молбите и барањата на српската страна. Го информирав Боцан-Харченко за фактот дека на Косово се спроведува брутално етничко чистење што го организира Албин Курти со поддршка на дел од меѓународната заедница“, напиша Вучиќ.

AA
Популарни