Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за отворените прашања во дијалогот.     Фото: АА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за отворените прашања во дијалогот.

„Продолжуваме да се бориме да ја сочуваме нашата земја и нашиот народ, инсистирајќи на полна примена на досега постигнатите договори и почитувањето на меѓународното право“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм, по одржување на состанокот.

Српскиот претседател додаде дека разговорот бил „серизен и одговорен“. Други детали засега не се објавени.

Во текот на минатата недела, на 13 октомври, Лајчак во Приштина се состана со косовскиот премиер Албин Курти и заменик премиерот Бесник Бислими.

Мирослав Лајчак во изјавата за медиумите рече дека неговата посета на Косово е дел од редовната комуникација со премиерот Албин Курти и заменик-премиерот Бесник Бислими, како дел од дијалгот кој во Брисел се води за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.

Лајчак рече дека состанокот е продолжување на неодамна почнатите разговори со француските и германските претставници и телефонските разговори со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој рече дека се разговарало за наредните чекори во дијалогот, како и за актуелните прашања, како што е процесот на пререгистрација на возилата на РКС таблиците.

TRT Balkan / агенции
Популарни