Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград се состана со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, а по средбата на прес-конференцијата информираше дека Вархеји „недвосмислено му рекол дека луѓето од ЕУ сметаат дека е важно Србија да има претставник на самитот во Тирана“.
Вучиќ вчера рече дека поради „срамниот“ однос на ЕУ кон изборот на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово „никој од Србија нема да учествува на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана“.
Вучиќ „остави можност“ во наредните денови да ја смени одлуката за заминување на тој самит.
„Јас лично гледам дека нема смисла, но подготвена сум да слушам, (премиерката на Србија) Ана Брнабиќ и луѓето околу неа мислат дека ми е важно да бидам во Тирана. Тоа не е прашање на мојата суета или изјава. Го почитувам Вархеји како пријател, не е проблем уште еднаш да размислам за таа одлука, ако видам дека има шанса и некаква смисла да кажам нешто“, рече Вучиќ.
Тој потсети дека Приштина забранила да се одржи уставниот референдум, изборите во Косово, упадите на специјалните единици на северот на Косово и на тоа дека ситуацијата била „на работ на судир во јуни“.
Додаде дека потоа е „измислена приказна“ за личните карти, а потоа и темата за регистарските таблици.
„Тоа не беше се, секој ден повторуваа, вклучувајќи и на Берлинскиот самит, дека никогаш нема да формираат Заедница на српски општини, а потоа противуставно, против сите закони, го сменија командантот на полицијата на Северот“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека добро ги разбрал примедбите во однос на прашањето на усогласувањето на надворешната политика на Србија со ЕУ и дека го известил Вархеји дека „преку територијата на Србија никој не може да ги заобиколува санкциите“.
Европскиот комесар Вархеји рече дека лидерите на ЕУ првпат ќе дојдат во регионот, во Тирана, да разговарааат со регионот за регионот и дека е потребно Србија и нејзиниот лидер да бидат на масата.
„Не морам да ви говорам колкаво е вниманието на јавноста кога станува збор за односите на Србија и ЕУ и политиката на проширувањето, бидејќи руската војна против Украина покажа и дека единствено вистинско и долгорочно решение за мирот, стабилноста и просперитетот е членството во ЕУ“, истакна Вархеји.
Тој додаде дека само неколку дена во пресрет на Самитот во Тирана разговарал со Вучиќ како да „ги соберат плодовите на трудот во контекст во кој сме и се надевам дека ќе видиме лидерите да разговараат за стратегии, политики, како и дека ќе донесат директна корист за граѓаните“.
Вархеји изрази надеж дека во Тирана ќе биде потпишан договор за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан.Енергетиката и миграциите беа теми на разговор, рече Вархеји и додаде дека ЕУ реагирала брзо во енергетскиот сектор и е создаден пакет помош што ќе донесе 2,5 милијарди евра во регионот.