Вучиќ посочи дека постојано повторува оти Србија е на европскиот пат и дека ќе одржува традиционално добри односи со своите пријатели на Истокот и дека со оваа позиција двапати убедливо победил на изборите / Photo: AA

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе направи се за да го забрза својот европски пат и да направи се што може во согласност со неопходните реформи што мора да ги спроведе.

„И реков на Урсула, веројатно јас сум самиот виновен. Можеби јас лично не бев толку посветен поради други работи, затоа што не е лесно да се биде во нашите чевли и поради Косово и Метохија и поради се друго, но ќе се потрудиме да го забрзаме нашиот европски пат“, изјави Вучиќ по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Белград.

Таа претходно изјави дека Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во Европската унија и на неа е да избере брзина на пристапување.

Вучиќ, сепак, нагласи дека и ЕУ ќе мора да донесе некои стратешки одлуки за тоа кој заслужува да биде дел од неа.

Тој додаде дека неговото мислење е оти колку што е добро и важно за Србија да биде дел од ЕУ, подеднакво, односно малку помалку, важно е и за нив овој дел од Европа да биде во рамките на ЕУ.

Претседателот на Србија уште еднаш ѝ се заблагодари на Фон дер Лајен за посетата и за исклучително отворениот разговор, додавајќи дека кога се води држава мора да се земат предвид сите детали и како и колку ќе се исплаќаат пензии и плати, колку да расте приватниот сектор, но и како да се зголеми извозот.

„Политиката ви доаѓа како резултат на сето тоа, а не обратно. Нашите желби не можат да го насочуваат она што се објективните фактори и согласно на тоа мора да се однесуваме. За жал на многумина, не можам секогаш да исполнувам желби кои произлегуваат од нечии емоции, мојата работа е да им донесам корист на нашите граѓани и ќе продолжам да го правам тоа“, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека постојано го повторувал ставот дека Србија е на европскиот пат и дека ќе одржува традиционално добри односи со своите пријатели на Истокот и дека со оваа позиција двапати убедливо победил на претседателските избори.

Тој додаде дека нема две приказни.

„Тоа значи дека вчера отидов во Вршац на годишнината на Српската напредна странка и реков дека Србија е на европскиот пат и ќе биде на европскиот пат. Истата приказна ја имам и вчера и завчера и денес,“ рече Вучиќ.

Тој рече дека оние кои наводно се загрижени за европската иднина на Србија веднаш ќе го искористат секој одговор што ќе го даде против Русите, Кинезите или кој било друг на Истокот и подеднакво ќе бидат против неговата изјава која нема да биде во корист на источните пријатели.

Тој додаде дека разговарал со Фон дер Лајен и дека има вистински резултати од истражувањето на јавното мислење во Србија, според кои 43 отсто од граѓаните се за ЕУ, а 42 отсто за БРИКС.

Како што рече, неговата политика не се води и нема да се води од истражувања на јавното мислење, без разлика колку некој верува во спротивното.

„Дали познавате некој во оваа земја кој сакаше или поддржа намалување на платите и пензиите? Не познавам никого. Јас го направив тоа. И затоа Србија денес е толку јака и економски силна“, посочи Вучиќ.


TRT Balkan / агенции
Популарни