Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Будимпешта ќе биде чекор за подобрување на односите меѓу Србија и Туркије.
„За нас е важно да одржуваме контакт и да се трудиме да имаме најдобри можни односи со Туркије. Туркије е регионална велесила и верувам дека разговорите во Будимпешта, а билатерална средба со Ердоган е потврдена, ќе биде чекор во подобрување на нашите односи”, изјави Вучиќ.
Тој, говорејќи за претстојното патување во Будимпешта, истакна дека Унгарија е искрен партнер, не само на европскиот пат на Србија, туку во секоја смисла.
„Можеме да се потпреме на Унгарија. Половина од нашите резерви на гас ги чуваме во Унгарија и тоа го добивме по поволни услови“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека во Будимпешта ќе има многу европски и светски лидери.