Косовската дијаспора од јануари до мај оваа година испрати во Косово 513,99 милиони евра, покажуваат податоците на Централната банка на Косово. Само во мај, според тие податоци, дијаспората дома испрати повеќе од 119 милиони евра. Дознаките на дијаспората во повеќе од 55 отсто случаи се реализирани по пат на небанкарски финансиски институции, а преку банките само во 15 отсто случаи.
Според податоците на Централната банка, вредноста на средствата на осигурителните компании во мај изнесува 318,62 милиони евра, што е, како што се наведува, зголемување за 1,62 милиони евра во однос на претходниот месец.
Средствата на другите финансиски посредници на крајот на мај се зголемија за 11,42 милиони евра и достигнаа вредност од 583,67 милиони евра.
TRT Balkan / агенции