Ризикот од масовни пожари во текот на летната сезона, но и други вонредни состојби поврзани со временските услови повторно ги доведуваат пожарникарите во прв план.
Неопеаните херои на општеството често се соочуваат со фундаментални проблеми за функционирање во земјите од регионот. Од условите, ниската плата, немањето современа опрема, па до соодветна обука, се само дел од проблемите со кои се соочуваат пожарникарите.
Во продолжение, ТРТ Балкан ви дава приказ на моменталниот број на пожарникари во Северна Македонија, Албанија и Косово, споредено со земјите од Европската Унија.
Некомплетни противпожарни единици
Голем дел од противпожарните единици во земјите од регионот се некомплетни. Нивниот број останува мал во споредба со територијата и населението за кои се грижат.
Според јавните податоци, во Албанија има нешто повеќе од 1.000 пожарникари во целата земја.
Во Северна Македонија има 994 пожарникари, додека повеќе од 500 мора да бидат ангажирани за целосно опремување на противпожарните единици, позиции кои остануваат празни.
Во Косово се соопштува дека вкупно има околу 800 пожарникари на ниво на земја.
Регионот под просекот на ЕУ
Недостигот од пожарникари го наоѓа својот израз особено кога се гледаат бројките во однос на вкупниот број вработени. На пример, во Албанија, од сите вработени во земјата, само 0,10% се вработени како пожарникари.
Во Северна Македонија, пожарникарите сочинуваат 0,12 отсто од вработените.
Нешто повисок во овој сооднос е Косово, каде пожарникарите сочинуваат 0,19% од вкупниот број вработени.
Во Европската унија, пожарникарите во просек сочинуваат 0,20% од вработените во 27-те земји.
Низ ЕУ има над 360.000 пожарникари, додека соодносот со вкупниот број вработени е поголем во Грција и Естонија, каде што надминува 0,40%.