Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Босна и Херцеговина     Фото: АА

Земјотрес со јачина од 4,7 степени изутрина ја погоди Босна и Херцеговина. Информацијата преку соопштение ја потврди Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Широк Брег кој се наоѓа во близина на градот Мостар. Земјотресот со јачина од 4,7 степени се случил наутро во 08:07 часот.

Како што се нагласува во соопштението, овој земјотрес се случил на длабочина од 10 километри. Досега не се пријавени жртви или материјална штета во земјотресот.

AA
Популарни