Земјотрес со интензитет од 4,4 степени синоќа ја потресе Црна Гора

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени синоќа ја потресе Црна Гора

Земјотресот е регистриран во 21:07 часот, на 26 километри северозападно од Никшиќ
Земјотресот бил почувствуван и на подрачјето на Босна и Херцеговина / Photo: AA

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени синоќа го потресе подрачјето на Црна Гора.

Земјотресот е регистриран во 21:07 часот, на 26 километри северозападно од Никшиќ и на 71 километар од Подгорица.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 9 километри.

Земјотресот бил почувствуван и на подрачјето на Босна и Херцеговина, особено покрај границата со Црна Гора.

Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени на 14 март ја потресе Босна и Херцеговина и околните земји, вклучувајќи ја и Црна Гора. Епицентарот на земјотресот беше регистриран на 22 километри североисточно од Билеќе, а потресот го вознемири населението.

AA
Популарни