Зградата на Владата на Косово вечерва е осветлена со турско знаме во знак на солидарност со жртвите од разорниот земјотрес кој во понеделникот (6 февруари) ја погоди Туркије.
Премиерот на Косово Албин Курти објави дека на Денот на жалоста во Косово зградата на Владата е осветлена во црвено-бела боја во чест на жртвите на разорниот земјотрес и во знак на солидарност со нивните семејства и пријатели.
„Се молиме за здравјето на повредените и стоиме до народот и државата Туркије“, напиша Курти на социјалната мрежа Твитер.
Во знак на солидарност и оддавање почит на жртвите од разорниот земјотрес во Туркије и Сирија денес во Косово е Ден на жалост, а седницата на Владата почна со едноминутен молк.
„Врз основа на нашите капацитети ќе помогнеме во надминување на оваа трагедија. Контигентот на Косовските безбедносни сили, специјалистите за урбано пребарување и спасување, тимовите на ургентна медицина и единицата К9 (спасувачки кучиња) веќе се во зоните погодени од земјотрес“, наведе премиерот на седницата на Владата.
8 фев 2023
Зградата на Владата на Косово во боите на турското знаме
Во знак на солидарност и оддавање почит на жртвите од разорниот земјотрес во Туркије и Сирија денес во Косово е Ден на жалост.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Ердоган го отвора патот за „нова страница“ во турско-грчките односи
Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ ја истакна важноста од решавање на споровите преку дијалог и постигнување заеднички точки, наведувајќи дека Туркије и Грција постигнале позитивен моментум во обликувањето на нивните односи
Османи во Собранието на Косово: По секоја цена ќе ја браниме нашата граница
Косово продолжува да се соочува со нефер мерки кои директно ги засегаат интересите на граѓаните, од друга страна, со невоведувањето мерки кон Србија, таа земја, за жал, само се охрабрува да продолжи со насилство, рече Османи
Написи во тренд во оваа категорија
ЕБОР ја потврди прогнозата за економски раст на Србија од 4 % за 2025/26 г.
Банката наведува дека значајните капитални инвестиции поврзани со Експо 2027 може да го поттикнат економскиот раст, но предупредува на глобалните геополитички тензии, што може негативно да влијаат на извозот и приливот на директни странски инвестиции
Хрватската економија лани забележала раст од 3,8 отсто
Ако го погледнеме кумулативниот економски раст од почетокот на 2021 година, Хрватска има втор најголем реален раст во ЕУ, над 25 %, веднаш зад економијата на Малта, која во истиот период порасна за повеќе од 35 %, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ
Фидан: Туркије целосно го поддржува територијалниот интегритет на БиХ
Проблемите треба да се решаваат со дијалог, а фактот што албанскиот пешадиски вод ќе служи во рамките на турската единица во БиХ е конкретен пример за турско-албанската соработка, рече Фидан по средбата со албанскиот колега Хасани
Што друго би сакале да знаете?
Популарни