Четворица астронаути од Меѓународната вселенска станица успешно слетаа во Мексиканскиот Залив, на отвoрени води кај Флорида.
Двајца американски астронаути, еден јапонски астронаут, и еден руски космонаут, по шестмесечна мисија во вселената, во саботата навечер (11 март) се вратија на Земјата.
Нивното патување од Меѓународната вселенска станица до Земјата траеше околу 19 часа, а на Земјата се вратија со вселенското летало на „Спејс икс“, Драгон.
Никол Мен од НАСА, која учествуваше во оваа мисија, истакна дека е среќна што се враќа дома.
Покрај Мен, дел од екипата беа и јапонскиот астронаут Коичи Ваката, руската космонаутка Ана Кикина и астронаутот од НАСА, Џош Касада.
Екипата што се врати на Земјата, во октомври 2022 година ја започна нивната мисија на Меѓународната вселенска станица.