Dream Machine Luma AI

Luma AI во трката да лансира генератор на видеа со вештачката интелигенција (ВИ) само со внес на тектстуална команда пред тоа да го направи Sora на Open AI, не може да постигне на сите барања на корисниците, откако сервисот беше лансиран во лимитирана бесплатна верзија.

Тоа што го прави Dream Machine сервисот интересен и екстремно популарен за толку кратко време, е што од старт е достапен за корисниците (секако за тие што ќе имаат среќа да бидат прифатени нивните барања од серверите) и што е релативно бесплатен за користење под одредени услови.

Компанијата Luma AI стана популарна со апликацијата за iPhone која на корисниците им овозможува да креираат тридимензионални фотографии.

Со Dream Machine може да се креираат до 30 видеа месечно во бесплатна верзија, а според сегашните услови на зафатеност на серверите се чека и по еден час, иако од Luma AI најавуваат дека времето на чекање ќе се скрати на 120 секунди.

Новите модели за генерирање видео од текстуална команди постојано се усовршуваат и потребни им се повеќе тестирања на капацитетите за да креираат подобри резултати, и токму користењето на промптовите на самите корисници дејствува како една масовна кампања за бета тестирање на внесените податоци.

Засега Sora не е достапна за корисниците и е во бета фаза на тестирање, но според најавите на гигантот за вештачка интелигенција се очекува сервисот за генерирање видеа да се наплаќа, но неговата предност е на поголемите бази на податоци на кои е трениран.

TRT Balkan / агенции
Популарни