Пристигна фасцинантна снимка од тајконаутите од кинеската вселенска мисија Шенжу-17 кои деновиве успешно ја завршија својата прва вселенска прошетка.
Снимката покажува тричлена екипа, најмладата испратена во вселената, како врши надворешни работи на станицата.
Екипажот го сочинуваат командантот Танг Хонгбо (40), Танг Шенџие (33) и Џијанг Ксинлин (35).
Просечната возраст на екипажот е 38 години, во споредба со 42 години, колку што беше просечната возраст на екипажот на претходната мисија Шенжу-16.
Екипажот на вселенското летало Шенжу-17, или „Божествен брод“, спроведе повеќе медицински експерименти на кинеската вселенска станица Тиангонг.
Покрај тоа, триото исто така спроведе истражување за видот за да ја истражи патогенезата на оштетувањето на видот поврзано со вселенските летови и да предложи соодветни планови за заштита.
Како важна област на вселенската програма, воздушните медицински експерименти имаат за цел да ги проучуваат и решат главните проблеми предизвикани од медицински и човечки фактори кои влијаат на долгорочниот престој на луѓето во вселената.
Кинезите имаат големи планови за истражување на вселената. До крајот на оваа деценија тие најавија испраќање човечки екипажи на Месечината и изградба на лунарни бази.