Вселенските достигнувања секогаш се показател за капацитетот на човекот да ги надмине сопствените лимити и се зрак надеж дека науката може да се користи за нови достигнувања кои ќе го прошират досегот на човештвото.
Сепак, глобалните конфликти и војни фрлаат дамка на одбележувањето на меѓународниот ден на човечките вселенски летови, особено по инвазијата врз Украина и несогласувањата меѓу САД и Русија околу Меѓународната вселенска станица.
Повод за одбележување на овој ден е првиот човечки вселенски лет, остварен од советскиот космонаут Јури Гагарин кој во 1961 година кој ја проби земјината граница.
Над 600 луѓе од десетина нации успешно ги следеа неговите стапки, имајќи уникатна можност „однадвор да ја видат сината џамлија“.
Со тоа започна вселенската ера на човештвото, која освен со научни постигнувања е одбележана и со обиди за доминација врз вселенскиот простор. Забележана е и употреба на вселенската супериорност како показател за способноста да се победи во трката за вооружување за време на Студената војна.
Во новата т.н. вселенска трка, покрај обиди за доминација на светските сили кои покажаа нови амбиции за освојување на Месечината како база за следните мисии кон Марс како главна цел, се вклучуваат и приватните вселенски корпорации со се поголем капацитет за лансирање ракети и сателити.
Пристап до вселената за сите
Канцеларијата за вселенски работи на Обединетите Нации (УНООСА) како еден од главните постулати на работа го има поставено принципот пристап до вселената за сите кој има за цел понуда на пристап до вселенски установи, инфраструктура, податоци и промоција на меѓународна соработка во областа.
Меѓународниот ден на човечкиот вселенски лет се одбележува од 2011 година со цел појасно и почесто да ги промовира декларациите и иницијативите на УНООСА, меѓу кои и „Магна Карта за вселената“, како главен документ на ОН за уредување на принципоте за управување, експлоатација и истражување на вселенските тела.
Следењето на меѓународните принципи ќе биде клучно во покажување воздражност на земјите и компаниите во начинот на користење на вселената, особено што досегашните мисии донеле многу научни пронајдоци кои имаат активна и редовна примена на Земјата.