Британската компанија бара парична отштета од Фајзер и БиоНТек вклучително и такси за патент, без да наведе износ / Photo: Reuters

Британската фармацевтска компанија ГлаксоСмитКлајн (GlaxoSmithKline) во четвртокот поднесе тужба до федералниот суд во Делавер против американскиот Фајзер (Pfizer) и германскиот БиоНТек (BioNTech), тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата РНА (mRNA) во вакцините против Ковид 19.

„Вакцините на Фајзер и БиоНТек Комирнати (Comirnaty) ги прекршуваат иновациите на ГСК заштитени со патент во мРНА вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на Ковид-19“, се вели во тужбата.

Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а ГСК стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Новартис (Novartis) во 2015 година, се додава.

Британската компанија бара парична отштета од Фајзер и БиоНТек вклучително и такси за патент, без да наведе износ.

Портпаролката на Фајзер во изјавата рече дека компанијата е „сигурна во својата позиција во врска со интелектуалната сопственост поврзана со Комирнати и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на ГСК. Портпаролот на БиоНТек одби да ја коментира тужбата.

Портпаролот на ГСК рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во вакцините мРНА на Фајзер и БиоНТек против Ковид-19“. ГСК е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.

Фајзер, БиоНТек и Модерна веќе поднесоа низа тужби пред американските судови, оспорувајќи ги авторските права за патенти за технологијата што се користи во вакцините.

Минатата година Фајзер заработи 11,2 милијарди долари од продажбата на Коминарти, а Модерна заработи 6,7 милијарди долари од продажбата на Спајквакс. Износите се значително помали од 2022 година.

ГСК го тужеше Фајзер и минатата година за кршење на патент на технологијата што се користи во вакцината на Фајзер за респираторниот синцицијален вирус (РСВ) Абрисво (Abrysvo). Фајзер ги отфрли наводите во тужбата на ГСК.

TRT Balkan / агенции
Популарни