Годинава може да биде рекордна по крипто-кражби     Фото: TRT World

Додека криптовалутите се соочија со многу падови на пазарот низ 2022 година, дигиталните валути и натаму се машини за правење пари за хакерите. За инвеститорите тоа значи загуба од 3.2 милијарди долари преку 125 хакерски напади досега.

Се смета дека октомври е најлош месец во историјата за крипто-криминал со вкупни загуби од над 718 милиони долари украдени од неколку протоколи за децентрализирани финансии (де-фи), оценува Чејналисис според податоците со кои располага.

Аналитичката куќа за блокчејн технологија смета дека најверојатно годинава ќе ја надмине ланската според бројот на украдени крипто средства.

„Без оглед на постојниот пад на берзите гледаме многу активности кај хакерите кои таргетираат различни протоколи“, вели Џаспер Ли водечки технолошки ревизор во фирмата за крипто ревизија „Сухо“ (Sooho.io).

„Протоколите или де-фи кои не се темелно пројдени низ ревизија лесно и брзо создаваат профит. Лошо заштитените протоколи им се омилени на хакерите“, додава Ли.

Во 2021 година сајбер криминалците украдоа над 3.2 милијарди долари. Најголемата кражба лани се случи со злоупотреба на кодот на „Поли Нетворк“ (Poly Network) вредна 613 милиони долари.

Годинава започна лошо со злоупотреба на околу 325 милиони долари преку блокчејн терминалот на „Солана-Етереум“. Потоа следеше софистициран напад во март на крипто играта „Акси инфинити“ каде беа злоупотребени 629 милиони долари во криптовалути.

Во август хакерите упаднаа во „Номад“ програма која овозможува размена на токени од еден на друг блокчејн и украдоа околу 190 милиони долари во биткоини.

Според Чејнналисис, дури три различни крипто-мостови биле пробиени само месецов. Тука е нападот на БНБ од каде нелегално се украдени над 100 милиони, и блокчејн сервисот „Кјуанплатформ“ (QANplatform) од каде хакерите украдоа над 1 милион долари во токени.

Потоа во почетокот на октомври, 100 милиони беа исцедени од популарните „Мано Маркети“ на „Солана“ кога одметнат брокер манипулираше со цената на токените.

Примарните напади во крипто секторот се движат од искористување на „мостови“ – кои се алатка базирана на блокчејн која им овозможува на корисниците да вршат трансакции помеѓу различни мрежи – до пазарна манипулација, каде злонамерни трговци користат милиони долари за да ги преместат пазарите со слабо тргување во нивна корист.

Во 2019 година хакерите повеќе ги напаѓаа централизирани крипто-берзи, а сега повеќето мети се де-фи протоколи чии новооткриени слабости се експлоатират. Централизираните крипто-берзи откако применија заштитни процедури повеќе не се толку пожелни.

Гледано наназад, кражбите на крипто-валути најчесто биле резултат на пробиви во безбедноста каде хакерите добиле пристап до приватните клучеви на жртвите нешто слично на кражба на џепчии. Овие клучеви може да се преземат преку „фишинг“ напади, хакирање на тастатурата за отчитување на пин бројките, шпионирање преку социјалните мрежи, како и многу други техники.

Во однос на обемот на трансакции, измамите беа најголемиот облик на крипто-криминал заснован со над 7,7 милијарди долари одземени од жртвите ширум светот во 2021 година.

Севкупно, крипто-криминалот во 2021 година бил на највисоко ниво досега, со нелегално стекната вредност од над 14 милијарди долари.

Сепак, тие бројки треба да се стават во перспектива. Со оглед на брзото прифаќање на крипто-валутите со раст од 567% во 2021 година на годишно ниво, легитимната употреба ја надминува криминалната на новите дигитални средства.

TRT World
Популарни