Германската фармацевтска компанија Бионтек објави дека планира да ја купи британската компанија Инста Дип со намера да ја интегрира вештачката интелигенција во истражувања и развој на лекови и вакцини.
Германската компанија за Инста Дип понуди 362 милиони фунти (440 милиони долари) во кеш и акции. Бионтек има сопственички удел во Инста Дип и соработува со британската компанија три години. Заедно го развија системот на рано предупредување за можни високоризични варијанти на Ковид-19.
Со преземањето на британскиот стартап германската компанија би добила околу 240 експерти и пристап до глобалната мрежа на истражувачки партнери во областа на вештачката интелигенција. Ова би му овозможило на Бионтек да изгради потполно интегрирани капацитети за целата фирма во делот на истражувањата, инженерингот и развојот на имунотерапијана новата генерација во поголеми размери”, порачаа од компанијата.
Инста Дип како филијала на Бионтек по инвестицијата би работел на глобално ниво, а седиштето на оваа компанија би останало во Лондон.
Извршниот директор на Бионтек Угур Сахин изјави дека Бионтек е со намера да ја заврши инвестицијата до крајот на март и да се интегрира вештачката интелигенција во сите делови на работата. Според Сахин, тренд во понатамошната работа ќе биде развојот на вакцини и терапевтски пристап кои ќе штитат од сериозни симптоми на болеста и ќе спречуваат инфекции и симптоматски болести.
Планираното преземање на Инста Дип од страна на Бионтек е доказ за важноста на Бионтек за Велика Британија.