Се подготвува нова законска регулатива, прва од ваков вид     Фото: Reuters

Граѓаните на земјите членки на ЕУ ќе бидат правно заштитени од последици, повреди и штети предизвикани од роботи, дронови и уреди кои работат со помош на вештачка интелигенција. Ова е еден од првите планови во светот кој дава специфична одговорност на производителите на АИ уреди, но и правна заштита на луѓето до „машините“.

Правилата за заштита на граѓаните и одговорност за штетни дела на вештачка интелигенција ќе бидат дополнување на европската АИ регулатива, која треба да биде одобрена и од Европскиот парламент и од Европскиот совет.

Исто така со предлогот е предвидено пет години по стапување на сила на Директивата за одговорност за вештачка интелигенција, Комисијата да ја процени потребата од правила за одговорност без вина за постапките поврзани со вештачка интелигенција доколку е потребно.

Дистописка иднина или вообичаена претпазливост?

Најавата на Европската комисија делува по малку дистописки, како луѓето веќе да се мета на роботите. Инцидентите со „опасна технологија“ засега се вистинска реткост, на пример едно британско семејство имаше проблеми со уредот за смарт-дом и не им „дозволуваше“ да го вклучат греењето на посакувана температура.

Но, со се поголемиот развој на смарт уреди и програми, како и со се поголемиот ризик од злоупотреби, европските челници сакаат навреме да се подготват за предизвиците што претстојат.

„Модернизирање на регулативата за одговорност за производи во дигиталната ера, овозможување компензација за штета предизвикана од роботи, дронови, системи за паметни домови кои се небезбедни поради надградба на софтвер, грешка во АИ или дигиталните сервиси неопходни за управување на производот, како и неуспешно справување со недостатоците и ранливоста на сајбер напади од страна на производителите“, објаснуваат од Европската комисија.

Една од причините за обнова на правилата за одговорност е што во делот на заштита од последици од било какви производи, промени нема веќе пет децении.

„Сакаме технологиите за вештачка интелигенција да напредуваат во ЕУ. За да се случи ова, луѓето треба да им веруваат на дигиталните иновации. Со предлогот за правна одговорност за вештачка интелигенција, на клиентите им даваме алатки за правни лекови во случај на штета предизвикана од вештачка интелигенција, така што тие го имаат истото ниво на заштита како со традиционалните технологии и обезбедуваме правна сигурност за нашиот внатрешен пазар“ рече ,

„Сакаме АИ технологиите да се вивнат во ЕУ. Затоа луѓето треба да им веруваат на дигиталните иновации. Со овој предлог за правна одговорност им даваме на корисниците алатки за заштита пред институциите во случај на штета предизвикана од АИ, односно исто ниво на заштита како со традиционалните технологии“, истакна Вера Јоурова заменик-претседателката на Комисијата за вредности и транспарентност.

Според комесарката така ќе се обезбеди правна сигурност и за компаниите кои работат на развој АИ на пазарот во Европа.

TRT Balkan / агенции
Популарни