Во резервоари полни со течен кислород се сместени тела или органи на 199 луѓе кои се одлучиле на криоконзервација со надеж дека ќе бидат оживени во иднина кога науката уште повеќе ќе напредува.
Многу од пациентите како што ги нарекуваат во „Alcor Life Extension Foundation” боледувале од терминална фаза на карцином, амиотрофична латерална склероза или од други болести за кои денес уште нема лек.
Материн Наоваратпонг која е од Тајланд и боледувала и починала од рак на мозокот е најмладата меѓу луѓето кои се дел од процесот на конзервација. Тоа се случило во 2015 година кога имала две години.
„Двајцата нејзини родители се лекари. Девојчето имало повеќе операции на мозокот и за жал ништо не делувало за подобрување и на крајот не контактираа нас”, изјави Макс Мор, директор на „Alcor Life Extension Foundation”, непрофитна организација која тврди дека е светски лидер во постапката на чување на човечките тела на екстремно ниски температури до пронаоѓање на лек или методи на оживување во иднината.
Пионерот на биткоинот Хал Фини е еден од пациентите на компанијата. Откако починал во 2014 година неговото тело е конзервирано.
Процесот почнува кога човекот службено се прогласува за мртов
Крвта и другите телесни течности се отстрануваат од телата на пациентот и се заменуваат со хемикалии кои овозможуваат создавање ледени кристали.
„По крио прихраната и витрификацијата на телата на пациентите на екстремно ниски температури тие се ставаат во резервоари на во Аризона онолку долго колку што е потребно да напредува технологијата која ќе придонесе за лечење на пациентот”, објаснува Мур.
Минималната цена на постапката изнесува 200.000 долари за криопрезервација на телото и 80000 долари само за витрификација на мозокот.
Многу научници сметаат дека криониката е во потполност неуспешен метод за зачувување на животот. Укажуваат на фактот дека постапката на замрзнување може да се изврши откако ќе настапи смрт и дека никого се уште не вратила во живот.
Другиот проблем е во тоа што за време на замрзнувањето на екстремно ниски температури сепак се создаваат замрзнати кристали кои се во поголем обем од водата бидејќи го уништуваат организмот одвнатре.
Артур Каплан предводник на одделот за медицинска етика на Медицинскиот факултет на универзитетот Гросман во Њујорк вели дека идејата за замрзнување на телата во иднина е прилично наивна.
„Изгледа дека во тоа веруваат луѓето кои се специјализирани за проучивање далечна иднина или оние кои ги сакаат вашите пари”, вели Каплан.