Важноста на киберпросторот е се поприсутна во денешницата: од неговата улога во националните економии, во трговијата, политичките расправи, до неговата употреба како орудие за присила и шпиунажа, и перцепирана центалност како една од одредниците за воен успех.
Со оглед на тоа дека и државните и недржавните актери се повеќе корисат кибернетички способности за постигнување на своите стратешки цели, конкуренцијата во кибер просторот само се зголемува.
Сепак, и покрај се поголемото значење на кибер просторот во глобалната политика, економијата и одбраната, севкупна евалуација на националната кибер моќ не е спроведена – до сега.
Лондонскиот тинк-тенк, Меѓународен институт за стратешки студии (IISS), ја пополни таа празнина со иновативна студија.
Резултатот на двогодишното истражување „Cyber Capabilities and National Power: A Net Assessment” ја мери способноста и националната моќ на петнаесет земји, и поставува нова рамка за разбирање на глобалните државни кибер капацитети и како да се рангираат.
САД се надмоќна глобална кибернетичка сила
Еден од главните заклучоци од вкупната проценка е дека САД се надмоќна глобална кибернетичка сила, додека нивниот најблизок ривал, Кина, веројатно нема да може да се мери со САД, најмалку во следните десет години.
„Кина постигна значителен напредок во јакнењето на своите способности од 2014 година, но ниту одблиску доволно, да го затвори јазот со САД. Главна причина е релевантната положба на дигиталната економија на двете земји”, рече еден од авторите на студијата и виш соработник на IISS, др. Грег Аустин.
Она по што извештајот на IISS се разликува, од претходните мерења на капацитетот на кибернетичката безбедност врз основа на индекс, е посеопфатна квалитативна анализа на широкиот кибер екосистем на земјата, влучувајќи го и начинот на кој тој се вкрстува со меѓународната безбедност, економската конкуренција и воените работи.
Рангирање по седум критериуми
Земјите се оценувани според седум критериуми: стратегија и доктрина; управување, командување и контрола; основни можности на кибернетичката интелегенција; кибер оснажување и зависност; кибер безбедност и отпорност; глобалното лидерство во однос на прашањата за киберпросторот; и навредливи кибер способности.
Според таа рамка, САД се единствената земја со водечки светски сили во сите категории.
Извонредното партнерство помеѓу компаниите, владата и универзитетите издвоено е како важна предност која САД ја поседуваат во однос на остатокот на областите.
Кина е на најбрзата патека за преминување на прво ниво
Второто ниво на кибер моќта ги вклучува Кина, Русија, Велика Британија, Франција, Канада, Израел и Австралија, од кои секоја има водечка светска сила во некои од категориите.
Поради големите и растечките автохтони дигитално-индустриски капацитети на Кина, студијата заклучува дека е моментално на најбрзата патека за преминување на прво ниво. Но тоа нема да биде ниту во следните десет години, бидејќи попречува лошата безбедност и слабата разузнавачка анализа.
На трето ниво се државите во раните фази на развој на кибер моќта како Индија, Јапонија, Иран, Индонезија, Малезија, Виетнам и Северна Кореја. Сите се дефинирани како они кои имаат сила или потенцијална сила во некои категории, но значајни слабости во други категории.
Се проценува дека Јапонија, со водечката светска индустрија на висока технологија, е во најдобра позиција долгорочно да се издигне на второто место.
Влијанието на политиката и историјата врз кибер моќта
Акцентот кој студијата го дава е дека патеката на развој на националната кибер моќ, наместо конкурентната емулација, во основа е одбележана со дивергенција.
Една важна забелешка е дека политичката култура и организацискиот однос на земјата помеѓу деловите на нејзината влада секогаш ги обликува нејзините кибер способности и начинот на кој тие се користат на глобалната сцена.
На пример, со оглед на природата на нивните политички системи, кинеските и руските кибернетички операции се фокусираат подеднакво на контролата на домашниот информациски простор колку и на подривање и продирање во критичната информациска инфраструктура на своите геополитички противници.
Ова има интересни импликации врз воената кибернетичка моќ, бидејќи би можело да имплицира дека Кина и Русија издвојуваат најмалку ресурси во однос на западните сили кога е во прашање развојот на видови кибернетички способности кои се користат на пример во војните од висок интензитет.
Уште еден силен показател дека некоја земја е на добар пат да стане кибер сила е намерата на владите. Велика Британија и Франција веќе некое време напредуваат – посебно Велика Британија поради важноста на GCHQ и постојаната политичка волја. За таа цел, наследувањето на доктринарната и организациската култура е од суштинско значење.
Меѓутоа, на поновите независни земји во блокот како Индија, Малезија, Индонезија или Виетнам им недостасува историјата на разузнавачки апарати кои ги имаат постарите сили како Велика Британија и Франција поради што треба да се изградат од нула.
Да се биде дом на многумина водечки светски кибер компании е една од предностите кои САД ги уживаат во својата долга историја на технолошки развој.
„Пет очи” - најдоминантен кибер сојуз
Истакната е и важноста на меѓународните односи. Неформалниот разузнавачки сојуз „Пет очи” од САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд, опишан е како најдоминантен кибер сојуз, од кој сојузниците како Франција, Израел и Јапонија исто така имаат корист.
Алтернативно, не постојат такви врски помеѓу земјите како Кина, Иран, Русија и Северна Кореја – за кои често се смета дека се во спротивност со либералните демократии.
Кина е на прагот?
За Кина да премине на прво ниво, би морала да воведе значителни промени во домашните иновации и својата организациска култура, се наведува во студијата.
Досега Пекинг заостануваше во негувањето на екосистем кој би му овозможил да биде помалку зависен од американските технолошки компании како Мајкрософт и ИБМ. Неговите домашни технолошки компании Алибаба и Тенсент се наоѓаат во секторот на е-трговија и дигиталните услуги кои Аустин ги нарекува „силни делови на информациската економија”.
„По откривањето на информации од Сноуден во 2013 година, кинеската влада се обидуваше да го намали продорот на странските технлогии”, рече Аустин. „Но дури и во 2018, кинескиот претседател Си Џипинг рече дека сите кинески клучни технологии ги контролираат странски корпрорации. Всушност, тоа е долготраен процес.”
Во меѓувреме, САД „градат своја доминација во киберпросторот од средината на 1990-тите” и „својата моќ ја зајакнуваат со создавање на високо софистицирани мрежи за размена на разузнавачки податоци”, како сојузот „Пет очи”.
Меѓутоа, Аустин заклучува дека САД не можат да се задоволат со својата водечка позиција.
Еден од начините на кој САД ја одразуваат дигитално-индустриската супериорност беше начинот на кој ја користеа својата водечка економска и воена моќ за унапредување на своите кибер технолошки капацитети, додека на Кина ѝ го ограничија пристапот до западни технологии.
Со тоа Аустин рече дека САД и нивните сојузници „го поддржале делумно раздвојувањето на Западот и Кина што потенцијално би значело намалување на способноста на Кина да развие напредна технологија”.
„Од тоа колку силно САД ќе продолжи со оваа стратегија и како Кина ќе реагира, ќе зависи распределбата на кибер моќта во иднина.”