Истражувачите открија дека магнетното поле на Земјата е речиси исто како и пред 3,7 милијарди години.
Според вестите објавени во списанието „Дискавери“, истражувачите од Универзитетот во Оксфорд и Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), користејќи карпи стари 3,7 милијарди години, откриле дека магнетното поле на Земјата денес е речиси исто како и пред 3,7 милијарди години.
Преку прецизно проучување, користејќи карпи ископани од појасот Гринстоун на островот Гренланд, истражувачите откриле дека големината на магнетното поле пред 3,7 милијарди години била 15 микротесла. Оваа величина е еднаква на половина од големината на модерното магнетно поле.
Овој успех на истражувачите е постигнат со проучување со снимање на големината и насоката на магнетното поле на железни честички на карпи од древните времиња што дејствуваат како природни магнети.
Магнетното поле ја штити Земјата од космичко зрачење и сончеви ветрови.
На 150 километри североисточно од Нук, главниот град на Гренланд, се наоѓа појасот Гринстоун, кој ги содржи најстарите карпи на планетата Земја.
Акцент на „возбудливото“
Клер Николс, геонаучник од Универзитетот Оксфорд и главен автор на студијата, рече дека наодите се важен чекор во обидот да се разбере улогата на древното магнетно поле кога животот штотуку се појавувал на Земјата.
Укажувајќи дека е многу тешко да се извлечат сигурни наоди од карпа стара 3,7 милијарди години, Николс истакна дека е возбудливо да се види појавата на големи магнетни сигнали кога ги анализирале примероците во лабораторија.
Дали е потребно магнетно поле за да се поддржи животот?
Многу е тешко да се најдат карпи што ја покажуваат староста на магнетното поле на Земјата. Топлината по должината на тектонските плочи може да ги смени сите зачувани докази во карпите.
Сепак, карпите на островот Гренланд се наоѓале на дебела континентална кора што ги штитела од загревање.
Истражувачите планираат да откопаат древни карпи и од Канада, Австралија и Јужна Африка за идните студии.
Повеќе докази за староста на магнетното поле и како тоа еволуирало би можеле да им помогнат на истражувачите да разберат дали е потребно магнетно поле за да се одржи живот.
Истражувањето е објавено во списанието „Џрнал оф геофизикал рисрч“.