Microsoft HoloLens 2 беа претставени во 2019 година  / Фото: Reuters

Microsoft донесе одлука повеќе да не ги произведува виртуелните очила HoloLens 2 и притоа не најави никаков план за нов модел во блиска иднина, оставајќи простор за конкурентите на HTC и Meta.

HoloLens се очила кои преку 5G мрежата се поврзуваат со системот на виртуелна реалност на Microsoft и се користеа исклучиво за комерцијални цели.

На пример една од најнапредните опции овозможуваше хирурзите да гледаат преку нив дополнителен сет на информации и податоци додека вршат операции и прегледи со телемедицина.

Очилата со холограми имаа примена исто така и во многу други области како образованието, градежништво, архитектурата и многу други.

Microsoft ќе остане фокусиран на специјализираните виртуелни очила IVAS кои ги развива и произведува за потребите на американската армија, а до следната година треба да се најдат во широка употреба во рацете на американските војници.

Во меѓувреме Марк Цукерберг ги претстави новите виртуелни очила Orion кои се наменети и за широката потрошувачка, секако за тие што можат да си ја дозволат цената која се очекува да изнесува околу 1.500 евра.

AA
Популарни