НАСА ќе соработува со Пентагон за мисиите на Марс              Фото: Ројтерс

Американската вселенска агенција (НАСА) и Агенцијата за напредни истражувања во одбраната (DARPA) при американското Министерство за одбрана (Пентагон) се договорија да развијат мотор за нуклеарни термални ракети што ќе се произведува за мисиите на Марс.

Во соопштението на НАСА се наведува дека ќе соработува со ДАРПА во рамките на програмата (DRACO), која ги вклучува операциите на брзи маневарски ракети меѓу Месечината и Земјата.

„НАСА ќе работи со нашиот долгорочен партнер, ДАРПА, на развојот и демонстрирањето напредна технологија за нуклеарна термичка пропулзија веќе во 2027 година. Со помош на оваа нова технологија, астронаутите би можеле да патуваат кон и од длабоката вселена побрзо од кога било, што е голема можност да се подготвиме за мисиите со екипаж на Марс“, рече претставникот на НАСА, Бил Нелсон.

Во рамките на соработката, како што е објавено, Управата за вселенска технологија на НАСА (STMD) ќе го развие моторот на ракетата, додека ДАРПА ќе управува со целиот процес, со што ќе даде свој придонес за развојот на реакторот и моторот.

Директорката на ДАРПА, Стефани Томпкинс, во пишана изјава истакна дека двете институции имаат долга историја и нагласи дека оваа соработка ќе ја придвижи вселенската технологија напред.

Напоменувајќи дека ДРАКО ќе игра важна улога во побрзото пренесување на материјалите на Месечината, Томпкинс рече дека со оваа програма можно е да се однесат луѓе на Марс во иднина.

Последните американски тестови на нуклеарни термални ракетни мотори беа спроведени пред повеќе од 50 години.

AA
Популарни