Првото слетување со човечки екипаж по мисиите на Аполо се очекува во 2026 година /Фото: Reuters

НАСА објави дека го одложува своето прво слетување на Месечината со човечки екипаж до 2026 година, истакнувајќи дека безбедноста е „главен приоритет“.

Вселенската агенција соопшти дека се фокусира кон 2025 година за својата мисија Артемида II, која вклучува испраќање на четворица астронаути на пат околу Месечината, и 2026 година за Артемида III, со која се планира да се спуштат првите астронаути во близина на Јужниот Пол на Месечината, одбележувајќи го првото враќање на човештвото на површината од Месечината по повеќе од 50 години.

„Се враќаме на Месечината на начин на каков што досега не сме биле, а безбедноста на нашите астронаути е главен приоритет на НАСА додека се подготвуваме за идните мисии на Артемида“, истакна администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

За одложувањето на мисијата, претставниците на НАСА ја наведоа загриженоста за „безбедноста на екипажот“, како и за батериите и електричниот систем на вселенското летало, и за вселенските скафандери од следната генерација.

AA
Популарни