Цените на мобилниот интернет паѓаат, но се зголемува потребата од гигабајти Фото: TRT Balkan

Мобилниот интернет кој го нудат операторите во регионот станува се поевтин, особено ако претплатите се споредат со најскапите понуди на мобилните оператори низ светот.

Од Западен Балкан, според глобалната листа составена од „Кејбл“, најевтин мобилен интернет плаќаат корисниците во Црна Гора каде просечно 1 гигабајт мобилен интернет чини 0.6 евра. Најскап мобилен интернет во просек плаќаат корисниците на босанските мобилни оператори. Во БиХ просечната цена на 1 ГБ изнесува 2.8 евра.

Цените паѓаат, но расте потребата од гигабајти

Несомнено е дека просечните цени на мобилниот интернет паѓаат во просек, но модерните смартфони трошат многу податоци. Сите мобилни апликации кои се неизбежни за еден корисник, како социјални мрежи, апликации за видео, забава и игри, апликации за организација и работа постојано се активни и го „цедат“ мобилниот интернет.

Најскап мобилен интернет на Балканот Others

Доколку пред неколку години сосема доволни би ви биле и 2 гигабајти месечно, денес одвај може да го истуркате месецот и со 10 гигабајти во месечната претплата, а да не доплатите дополнителни пакети.

Црна Гора како земја со најевтин мобилен гигабајт во регионот е рангирана на 36 позиција на глобалната листа составена од „Кејбл“. Втора во регионот или 56 глобално е Србија каде еден гигајбат корисниците ги чини 0.7 евра.

Следи Северна Македонија со цена од 0.9 евра и 66 позиција на глобалната листа. Од неодамна македонските корисници добија пристап и до 5Г мобилната мрежа.

Тоа го искористија и мобилните оператори за промоција на нови пост-пејд пакети со неограничен мобилен интернет и брза конекција. Така просечната цена се очекува да се намали бидејќи потрошувачката на мобилен интернет ќе се зголеми со неограничените пакети.

Косово во просек има цени од 1.2 евра за еден гига со што стигнува до 91 позиција во светот, Албанија со просечни цени од 2.7 евра е на 157 место, додека пак БиХ со цени од 2.8 евра е речиси на дното на листата на 163 место во глобални рамки.

Најскапи островските земји, но и богатите

Во долната листа на табелата на „Кејбл“, при споредбата на 5.292 претплатнички пакети од 233 држави и територии, се наоѓаат претежно островски земји Санта Хелена, Фокландски Острови, Сао Томе и Принципе, држави погодени од конфликти како Јемен и Сирија.

На дното на листата се наоѓаат и богати и развиени земји меѓу кои Јужна Кореја, Швајцарија, Катар, Финска, Канада и САД.

Во просек во овие земји еден гигабајт мобилен интернет се наплаќа по околу 8 евра, додека пак во островските цените се движат од 20 до 40 евра за 1 мобилен гигабајт.

Најевтини земји за мобилен интернет во светот се Израел, Италија, Индија, Франција и Туркије каде просечната цена за 1 гигабајт мобилен интернет во просек се плаќа 0.2 евра.

TRT Balkan
Популарни