Oсновна цел нa Неуралинк е со вградување на микрочиповите во мозокот да се лекуваат невролошките нарушувања како парализа и слепило / Photo: AA

Американската невротехнолошка компанија „Неуралинк“ основана од Илон Маск, објави дека личноста на која ѝ вградиле мозочен чип игра шах по пат на мисли, пренесува Анадолу.

„Неуралинк“ ги сподели моментите како Ноланд Арбо, пациентот со вграден мозочен чип, игра шах на настанот што се пренесуваше во живо на социјалната мрежа X.

За време на преносот во живо, Арбо изјави дека неговите раце и стапала се парализирани по несреќата што ја преживеал пред околу 8 години и додаде дека операцијата за вградување на мозочниот чип била многу лесна.

На видеото може да се види како Арбо го движи курсорот на лаптопот и игра шах по пат на мисли.

Во објавата од 30 јануари на социјалната платформа X, Илон Маск наведе дека претходниот ден за прв пат во човек бил вграден чип произведен од „Неуралинк“.

Зборувајќи дека првиот производ на „Неуралинк“ е именуван „Телепатија“, Маск рече дека телефон, компјутер и речиси секој уред може да се контролира преку чипот по пат на мисли.

Маск истакна дека пациентот со вграден мозочен чип може да го движи глувчето на екранот преку своите мисли.

- Минатата година доби одобрение за експерименти со луѓе

„Неуралинк“ во мај 2023 година објави дека од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) добиле одобрение за проектот за мозочен чип да започне со тестирање на луѓе.

Наведено е дека чиповите кои претходно биле тестирани на мајмуни успешно ги интерпретирале сигналите во мозокот и ги пренесувале на уредите.

Компанијата „Неуралинк“ е основана од Маск и група инженери во 2016 година, а нејзина основна цел е со вградување на микрочиповите во мозокот да се лекуваат невролошките нарушувања како парализа и слепило, и подобрување на квалитетот на животот на лицата со посебни потреби.

TRT Balkan / агенции
Популарни