Овие бавни мозочни бранови се случуваат за време на длабок сон, што е од суштинско значење за мирна ноќ / Photo: Getty Images

Можеби сте слушнале за бел шум, кој се користи за маскирање на звуците во позадина. Сега има шарена конкуренција.

Се повеќе се зборува за розев шум, кафеав шум, зелен шум - серија на смирувачки звуци и нивните теоретски ефекти врз спиењето, концентрацијата и релаксацијата.

Науката е нова со само неколку мали студии, но тоа не ги спречи илјадници луѓе да ги слушаат овие звуци со часови на Јутуб и на аликациите за медитација кои обезбедуваат палета на звуци во боја.

Апликациите и уредите за бел шум станаа популарни во потрагата по добар ноќен одмор. Но сега спијачите имаат калеидоскоп со опции за звуци.

Кои се тие шумови од различни бои? Белиот шум е некако статичен. Додека кафеавиот шум е помал, како смирувачки татнеж. И зелениот шум е некаде помеѓу бел и кафеав шум. Научниците не знаат која боја е најдобра.

Д-р Ронеил Малкани е истражувач на Универзитетот Нортвестер, Илиноис кој ја проучува науката зад розовиот шум.

„Со ова истражување се обидуваме да го стимулираме или подобриме спиењето во бавни бранови, што е една од облиците на длабок сон. А розовиот шум ги рефлектира типовите на фреквенции што се гледаат во таа фаза на спиење“, вели Малкани.

Овие бавни мозочни бранови што ги проучува д-р Малкани се случуваат за време на длабок сон, што е од суштинско значење за мирна ноќ.

„Во нашето истражување пуштаме звуци на поинаков начин. Звуците што ги правиме се специјално наменети да ги подобрат или засилат бавните бранови при бавно-брановно спиење“, вели тој.

„За да го направиме ова, пуштаме кратки импулси од розов шум во одредени периоди за време на бавните бранови“.

Во овие мали студии, возрасните откриле дека подобро се сеќаваат по спиењето со звучни импулси на розов шум. Истражувачите ветуваат и други придобивки освен добриот сон.

TRT Balkan / агенции
Популарни