Палеонтолозите веруваат дека овие траги се направени пред приближно 120 милиони години / Фото: AFP

Отпечатоци од диносауруси кои се поклопуваат, се откриени во Бразил и Камерун, што покажува дека во периодот на рана креда постоел природен мост кој ги поврзувал Јужна Америка и Африка,

Соодветните групи на отпечатоци од диносауруси се пронајдени на оддалеченост од речиси 6.000 километри, се вели во студијата објавена од Музејот за природна историја и наука во Ново Мексико, која испитувала преку 260 отпечатоци од различни диносауруси, вклучително и тероподи, сауроподи и орнитиши.

Овие отпечатоци покажувааат сличности во возраста, формата и геолошкиот контекст и извонредна врска помеѓу Јужна Америка и Африка пред континентите да почнат да се одвојуваат пред милиони години.

Палеонтолозите веруваат дека овие траги се направени пред приближно 120 милиони години на суперконтинентот Гондвана, кој претходно се отцепил од поголемата копнена маса на Пангеа.

Истражувачите, исто така, забележаа дека Африка и Јужна Америка почнале да се одделуваат пред околу 140 милиони години, по што меѓу нив се формира Јужниот Атлантски Океан.

Трагите, зачувани во античките речни и езерски седименти, покажуваат дека диносаурусите можеле да талкаат од Африка до Јужна Америка кога континентите биле дел од Гондвана.

Откритието ги истакнува праисториските врски меѓу континентите и дава увид во динамичната геолошка историја на Земјата.

AA
Популарни