Дали враќањето на изумрените видови е добра идеја?        Фото: Ројтерс

Гледајќи го , за многумина, омилениот детски филм од 90-тите години „Паркот Јура“ (Jurassic Park), се разбуди имагинацијата и на научната фела за прашањето: дали може да оживееме изумрени видови преку нивната ДНК?

Одговорот на прашањето станува се пореален со развојот на технологијата за уредување гени наречена КРИПР, но научниците предупредуваат дека дури и успешно да се создаде „копија“ на веќе изумрен вид, таквото животно ќе се соочи со многу проблеми.

Но, прво да се вратиме еден чекор наназад, дали навистина како во филмот на Спилберг, може да ги оживееме одамна изумрените диносауруси кои некогаш владееле со планетата Земја?

Лимитот на ДНК кодот

Враќајќи се наназад десетина милиони години, според науката, станува се потешко и потешко да се најде целосно сочуван примерок на ДНК од изумрен диносаурус. ДНК како биолошка материја која „складира податоци“, станува целосно неупотреблива по 6 милиони години.

„Можете да го вратите само она што можете да го најдете. И нашата поента е дека не можеме да најдеме сè“, вели Том Гилберт, еволутивен биолог од Универзитетот во Копенхаген.

Од друга страна пак, највисоката горна граница за целосна употребливост на ДНК примерок е околу 500 години. Тоа значи дека временската рамка во која изумреле одредени видови е многу ограничена за успешно и целосно нивно враќање во природата.

Проблематичната етика на „воскреснувањето“

Случајот на „божиќниот глушец“, опишан во научното списание „Модерна биологија“, е меѓу најдобрите примери за првите етички проблеми со враќањето на изумрените видови.

Експериментот опфатил вештачко компонирање на геномот на изумрениот вид на глушец и негова замена со податоци од норвешкиот вид на кафен стаорец.

Враќањето на изумрениот вид достигнало речиси 95% поклопување со оригиналната генетска низа, но токму тие 5 отсто иако звучат како мала бројка, всушност се премногу.

Тоа значи дека на повторно оживеаниот „божиќен глушец“ му недостасуваат клучни генетски карактеристики за да се каже дека овој вид е целосно вратен каков што некогаш бил, туку само дека е видоизменета верзија на неговиот директен подвид од Норвешка, но со големи проблеми со сетилата и имуниот систем.

Враќањето на сибирскиот мамут, суштество кое е изумрено пред 100.000 години, не значи дека повторно ќе владее со тундрата. Научниците кои ги прават овие експерименти повеќе го опишуваат како видоизменет азиски слон кој ќе има поголема отпорност на ниски температури.

Уште еден проблематичен пример доаѓа со обидот за враќање на „пиринејскиот козорог“. Релативно исчезнат не така одамна и со висок степен на прецизно „испушување“ на генетската низа, суштеството беше првото успешно „воскреснато“. Но, кратко по раѓањето козорогот умре.

Дали враќањето на изумрените видови е добра идеја?

Замислете си ситуација во која ултра богати луѓе ќе посакаат во нивната приватна зоолошка градина да чуваат тигар со сабјасти заби. Огромните пари кои се „фрлаат“ во ваков вид експерименти, критичарите сметаат дека е попаметно да се пренаменат во заштита на животинските видови на кои сега им се заканува изумирање.

На над 30.000 видови им се заканува целосно изумирање, или една третина од сите ајкули и раџи, една четвртина од сите цицачи, и една седмина од сите птици. Секоја година изумираат речиси 2.000 растителни и животински видови.

Но, некои научници како Сергеј Зимов веруваат дека, „ако сакаме повторно да вратиме животно како волнениот мамут назад во тундрата, тоа би можело да помогне во повторно населување на областа, растење на древните рамнини и евентуално да го успори топењето на мразот“, што ќе значи и намалување на последиците од климатските промени.

Сепак, ако се навратиме на претходниот аргумент дека повторното создавање на мамутот е речиси невозможно и дека видот кој би се вратил нема да ги поседува истите карактеристики, па така и самата претпоставка на Зимов е често оспорувана.

„Од аспект на наука, тоа е навистина прекрасна идеја. Но, дали е ова најдоброто искористување на парите во свет каде што не можеме да ги одржиме во живот нашите носорози?“, порачува Гилберт.

TRT Balkan
Популарни