За секои 100 грама произведен протеин, хибридниот ориз ослободува помалку од 6,27 килограми ЦO2, додека говедското месо ослободува 49,89 килохграми / Photo: AA

Јужнокорејските научници создадоа хибридна креација: ориз со говедско месо во револуционерен скок за одгледувано месо и основна храна.

Развиена со премачкување на зрна ориз со животински клетки и нивно негување во лабораториски садови, оваа „хранлива и вкусна“ иновација може да се пофали со зголемена содржина на протеини и маснотии додека потенцијално нуди одржлив и достапен извор на протеини.

Студијата објавена во списанието Матер (Matter) во средата го опишува оризот со помал јаглероден отпечаток и помалку ресурсно интензивна од традиционалното производство на говедско месо.

„За секои 100 грама произведен протеин, хибридниот ориз ослободува помалку од 6,27 килограми ЦO2, додека говедското месо ослободува 49,89 килохграми, вели водечкиот истражувач Сохјеон Парк.

Тоа значи значителна еколошка придобивка.

Во однос на трошоците, научниците предвидуваат дека комерцијализираниот хибриден ориз може да чини 2,23 долари за килограм, во споредба со сегашните 14,88 долари за говедско месо.

Парк предвидува различни примени, од „помош за гладните, воени оброци до дури и вселенска храна“.

Но истражувањето се уште е во рана фаза. Потребни се дополнителни студии за да се процени вкусот, приспособливоста и прифаќањето на потрошувачите пред оризот со говедско месо да стане реалност на нашите чинии.

Иновативниот концепт нуди ветувачки поглед во иднината на одржливи и достапни извори на протеини.

TRT Balkan / агенции
Популарни